Манасков крена титула, Веспрем се врати на тронот во Унгарија

Екипата на Веспрем се врати на шампионскиот трон во Унгарија, откако во финалниот реванш меч од првенството одигра реми со ПИК Сегед (27-27) и ја одбрани високата предност од првиот меч на домашен терен.

Првиот дуел во Веспрем заврши со победа на тимот на Манасков со 35-24, па реваншот беше само формалност. ПИК Сегед се бореше и имаше позитива, но на крајот, Веспрем дојде до реми и успешно ја заврши борбата за титулата.

Дејан Манасков не беше дел од овој меч поради ситна повреда, па од Веспрем не сакаа да ризикуваат пред Ф4-турнирот. Најдобар во победата беше Штрлек со пет, а Нилсон даде четири гола, додека кај Сегед, Балог и Бодо впишаа по четири погодока.

За Веспрем ова беше 26. титула во историјата на унгарскиот шампионат.