Манасков кандидат за најдобро лево крило во историјата на Вецлар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков се најде во изборот на Вецлар за најдобро лево крило кое го носело дресот на клубот.

27-годишникот настапуваше во бундеслигашот во 2015 година, но остави добар впечаток со одличните партии и ги освои срцата на навивачите. Токму тоа му донесе место меѓу најдобрите леви крила, а дали ќе биде најдобар, ќе одлучи анкетата.

Манасков за првото место се бори со Максимилијан Холст, Арвидас Кеставиц, Кевин Шмид, Андреас Климпке и Михаел Алндорф.

Дејан Манасков во Вецлар пристигна од матичниот клуб Металург и за него тоа беше прва интернационална авантура. Потоа, крилото настапуваше за Вардар, Рајн Некар Левен и Веспрем, клуб кадешто е во моментов.