ВИДЕО: Манасков ја има една од најатрактивните асистенции во ЛШ

Првата рунда од сезоната од ракометната Лига на шампиони заврши, следува елиминациона фаза, во која ќе учествуваат најдобрите дванаесет екипи. 

Групната фаза  и оваа сезона ни донесе многу возбудувања и изненадувања, како и атрактивни погодоци, но и асистенции. Европската куќа на ракометот ги избра најатрактивните асистенции во групите, а меѓу петте најдобри место имаше и за Дејан Манасков. Искусното крило на македонскиот шампион против Федериција во Битола мајсторски го проигра Богдан Радивојевиќ на спротивната страна, а овој со цепелин ја смести топката во голот.

  • Најдобрите асистенции во Лигата на шампионите:

Еурофарм Пелистер имаше забележителна сезона во елитата, заврши на седмата позиција во групата со осум освоени бода.