ВИДЕО: Манасков изведе ракометна магија, Веспрем прв патник на Ф4

Екипата на Веспрем обезбеди пласман на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, откако во реваншот со Флензбург ја одбрани високата предност и вторпат го совлада ривалот од Германија, со 29-25 (17-13).

Дуелот во ниту еден наврат не беше неизвесен, освен на почетокот, кога Флензбург отвори со серија од 0-5 и го шокираше тимот на Дејвис. Веспрем се врати во мечот кога изедначи на 9-9, а потоа, од 14-13, се одлепи на 17-13 и ја контролираше играта. Во вториот дел, предноста беше константна и ниту еднаш не падна под два гола.

Дел од натпреварот беше и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој даде фантастичен погодок и го „полуде“ коментаторот на ЕХФ.

  • Погодокот на Манасков против Веспрем:

Најефикасен на средбата беше Гајиќ со шест гола, а Нилсон постигна пет. Кај Веспрем, Манасков заврши со еден гол од три обида. Во Флензбург, пак, се истакна Ване со седум погодока, а Лауге Шмид застана на четири.

  • Славјето на ракометарите на Веспрем со навивачите: