ФОТО: Манасков испрати позитивна порака од болнички кревет

Дејан

Дејан Манасков направи операција на вкрстените лигаменти во коленото, поради што го очекува долга пауза од ракометните терени.

Македонскиот репрезентативец испрати позитивна порака од болнички кревет и напиша:

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Ви благодарам на пораките во изминатите две недели. Сега следува „комичниот“ дел од овој процес, се гледаме наскоро...“.

Левото крило се повреди во завршните моменти од дуелот на Веспрем со Фреја. Од тој момент е надвор од конкуренција и речиси сигурно е дека нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија за време на Европското првенство.