Манасков и Веспрем се пласираа на Ф4 во ЛШ!

Екипата на Алборг успеа да го победи Веспрем на домашен терен во реваншот од четвртфиналето (37-35), меѓутоа унгарскиот гигант е тој кој ќе игра на завршницата во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Причина за тоа е убедливата победа на првиот меѓусебен дуел во Веспрем. Унгарскиот тим ги одбрани седумте гола предност кои ги стекна. Натпреварот изобилуваше со брз ракомет и многу голови, доказ за тоа е податокот дека првите триесет минути понудија дури 41 гол (20-21).

Кентин Мае постигна шест гола на овој натпревар кај Веспрем, исто колку и Лауге Шмид, додека кај Алборг, најистакнати беа Бјорнсен и Јул-Ласен со по девет постигнати погодока. На овој меч Дејан Манасков беше во протоколот, но не се запиша во листата на стрелците.

Веспрем е првиот тим кој се чекира на завршницата во Лигата на шампионите, а вечерва се игра уште дуелот меѓу Барселона и Флензбург. Утре на програмата се возвратните натпревари меѓу Кил и ПСЖ (судат Начевски и Николов) и меу Киелце и Монпелје.