Манасков и Веспрем преку Татабања до Ф4 на Купот на Унгарија

Како се приближува клучниот дел од сезоната Веспрем на Давид Дејвис и Дејан Манасков ја подига формата. Унгарскиот гигант ќе ја брани титулата во Купот на Унгарија, откако славеше на гостувањето кај Татабања со 21-30 (10-15) во четвртфиналето на ова натпреварување. 

Манасков постигна еден гол, а најефикасни беа Мацковшек со пет и Илиќ, Лекаи и Маргуч со по четири погодоци.

ПИК Сегед и Дабас се останатите патници на завршниот турнир на Купот на Унгарија, а победникот од натпреварот Будакалаш и Балатонфуреди ќе го даде четвртиот полуфиналист.

Во шампионатот на Унгарија доминира ПИК Сегед, но затоа во останатите две натпреварувања по доаѓањето на Дејвис, Веспрем е препороден и атакува на две титули.