Манасков и Веспрем изненадени од Алборг, „македонскиот“ Бешикташ убедливо го порази Монпелје

Во рамките на 9. коло од ракометната Лига на шампиони, нашиот репрезентативец Дејан Манасков, со неговиот Веспрем изненадувачки загуби во Данска од Алборг со 29-26 (14-13). Нашиот репрезентативец постигна еден погодок од двата обиди, кои ги упати во текот на натпреварот.

Во првото полувреме се играше изедначен ракомет, со промена на водството на двете страни, а во финишот поприсебни беа домаќините и на одмор заминаа со предност од 14-13. На стартот Данците го диктираа темпото и славеа изненадувачка, но заслужена победа од 29-25. Најефикасен кај тимот на Алборг беше Јенсен со шест гола, а на спротивната страна исто толку запиша Момир Илиќ.

Филип Лазаров и Немања Прибак со нивниот Бешикташ на гости го совлада тимот на Монпелје со 28-33 (14-19). Иако резултатот е изненадувачки, Французите на денешниот натпревар играа растоварени, бидејќи веќе се пласираа во следната рунда. Немања Прибак постигна 5 гола, а Филип Лазаров еднаш ја погоди француската мрежа.

Ракометарите на Флензбург славеа победа на гостински терен против Целје Пивоварна Лашко со резултат 27-30 и се позиционираа веднаш зад лидерот ПСЖ, во групата Б. Во последниот натпревар од попладневната програта тимот на норвешки Елверум на гостински терен го совлада Динамо Букурешт со 33-34.