Манасков феноменален, со ДЕСЕТ гола ја „наполни“ Спартак Москва

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше феноменален натпревар за Веспрем во СЕХА-лигата во триумфот над Спартак Москва (37-32).

Очекувано, унгарскиот гигант беше подобар од рускиот дебитант, а партија за паметење имаше Манасков кој заврши со 10 гола од вкупно 11 обида. Тој беше прв стрелец, а покрај голгетерскиот учинок додаде и една асистенција.

  • Потег на натпреварот:

По крилото следеа Мачковшек и Хорњак со по шест гола, а кај Спартак, Илја Ријабов имаше осум гола од осум шута.

  • Извештај од натпреварот: 

За Веспрем ова беше четврта победа во петтиот натпревар, а единствениот пораз досега во СЕХА е од Еурофарм Работник во Битола. Спартак Москва, пак, има само еден триумф.