Манасков: Едноставно немавме решение за нивната одбрана

Ракометната репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Иако бевме фаворити за првото место во групата Б со два порази и само една победа се враќаме дома.

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ​

По вечерашниот неуспех против еден од домаќините (32-28), Дејан Манасков изјави дека биле изненадени од начинот на играта во одбрана на Австријците. 

„Едноставно немавме решение за нивната одбрана. Не очекувавме дека така ќе се постават, а притоа направиме многу грешки во нападот и им дозволивме многу лесни грешки. Тоа беше клучот на овој пораз“, рече крилото на Веспрем. 

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

Испаѓањето уште во првата фаза на овој собир значи и најлош пласман на Македонија на еден континентален собир (од 12 до 24 место).

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“