• Горан Упале
На вчерашниот дуел од Европското првенство во ракомет, Норвешка со победата над домаќинот Полска од 30-28 (16-15) се приближи до местото кое води во полуфинале.
„Игравме натпревар со наша брзина. Имавме доста контранапади и го искористивме тоа што полските играчи изгледаа доста уморно во последните 10 минути од натпреварот“, изјави норвешкиот ас Ерленд Мамелунд .
За дуелот против Македонија вториот највозрасен Норвежанец додаде:
„Македонија не е лесен противник. Имаат одлична линиска игра, а го имаат и Кирил Лазаров. Тоа ќе биде тежок натпревар, но спремни сме и сакаме да победиме“.
Норвешка во понеделник ќе се сретне со нашата репрезентација во „Краков Арената“ со почеток во 18.15 часот.