Мамдух: Горд сум на тимот и навивачите, догодина ќе бидеме уште посилни

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз од ПСЖ на домашен терен ја затвори сезоната во Лигата на шампионите. „Зелените“ во натпреварот за престиж покажаа дека не случајно се дел од најдоброто европско друштво, одигрувајќи уште еден квалитетен натпревар. 

Египетскиот кружен напаѓач, Мохамед Шабиб Мамдух и покрај поразот од 26-35 беше задоволен и горд на соиграчите и навивачите.

„ПСЖ е преокт веќе десетина години, имаат врвни играчи како Омар Јахја, Лука, Сипржка...Но, јас и вечерва сум горд на мојот тим. Како и цела сезона, пак одлично се боревме и сезоната ја завршуваме со осум бода. Дури и можевме да освоиме некој бод повеќе. Горд сум и на овие неверојатно навивачи. 

Верувам дека ќе продолжиме да играме во Лигата на шампионите и следната сезона и ќе бидеме уште подобри“, рече Мохамед Шабиб Мамдух.

Следен предизвик за битолчани е последниот домашен натпревар во Суперлигата. В сабота попладне во Битола доаѓа Бутел Скопје на Горан Кузманоски.