• Иван Димовски
Ракометарите на Вардар 1961 ќе ја дочекаат Бенфика во натпревар од третото коло на главната фаза на Европската лига на ЕХФ. Оваа средба за „црвено-црните“ е многу важна, бидејќи победа ќе значи пласман во нокаут рундата, а отвора и дополнителни опции.
Тренерот Иван Чупиќ и бекот Урош Митровиќ на средбата со новинарите пред мечот нагласија дека целта на вардарци ќе биде одмазда за поразот во Лисабон. Важноста на средбата дава дополнителен притисок, а добра вест за хрватскиот тренер на Вардар е тоа што Јака Малус ќе биде во комбинација за настап. Освен тоа, во европскиот ростер се враќаат голманот Мигел Еспиња, Кристијан Анастасовски и крилото Мамаду Кеита.
- Состави за натпреварот:
Моментално на табелата во групата лидер е Мелсунген со шест бода, а Вардар и Бенфика имаат по четири, додека Кристијанштад е последен со два.
Вардар се очекува и вечерва да има одлична поддршка од трибините во СЦ „Јане Сандански“ како што тоа беше случај и претходниот вторник против Мелсунген.


