„Малото глувче“ Гидсел му одговори на Вујо: Не сум така воспитан

Данскиот репрезентативец Матијас Гидсел, кој пред неколку дена беше мета на критиките на Веселин Вујовиќ, му одговори на актуелниот селектор на ракометната репрезентација на Иран.

Легендарниот играч го нарече Скандинавецот „бедник“ и „глувче“, откако одби да го прифати извинувањето на Домагој Дувњак во возбудливото реми меѓу Данците и Хрватите.

„Не ја прочитав неговата изјава, но го видов насловот кој вели дека јас сум мало глувче. Генерално мислам дека никаде не треба да се коментира со таков тон. Тоа беше малку насилен коментар.

Не сум воспитан да коментирам такви луѓе во медиумите. Не сакам да коментирам за тоа, бидејќи нема смисла. Впрочем, целата таа приказна за мене и Дувњак нема смисла. Разговаравме, но не пред камери и решивме што имаме да решиме“, рече најдобриот стрелец на Данска на Светското првенство.

Данска е втора во групата 5 на Светското првенство со седум бодови, додека третопласираната Хрватска има пет. Египет е лидер со осум бода.