• Зоран Мишевски
На црниот ден на кој и не требаше да се игра натпреварот меѓу Словенија и Македонија, нашиот ракомет го затекна и непредвидена повреда. Во 18. минута од натпреварот од евро-квалификациите се повреди нашиот среден бек Марко Митев.
Се играше 18. минута, кога во една полуконтра средниот бек на Алкалоид незгодно згазна и без дуел заврши на подот. Болната гримаса веднаш алудираше на сериозна повреда, па нашиот млад ас на носилни беше изнесен од теренот.
- Повредата на Марко Митев на натпреварот Словенија - Македонија:
До повредата резултатот на семафорот беше 11-5 за Словенија.