• Иван Димовски
Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз на гостувањето во Литванија (29-27) во рамките на второто квалификациско коло на патот кон ракометното Европско првенство.
Мала утеха по овој неуспех ќе има Жарко Пешевски. Кружниот напаѓач го постигна еден од најубавите голови. Пешевски излета на шест метри, голманот на Литванците истрча, па нашиот репрезентативец убаво ја сврте топката околу него.
Goals of all kinds in our !
Ott VARIK
Damián MITAL
Zharko PESHEVSKI
Janko BOZOVIC
Aymeric MINNEFav one? #ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/5JunEt6cI0
— EHF EURO (@EHFEURO) November 11, 2024
Македонија во оваа ЕХФ седмица имаше половичен ефект, домашен триумф над Естонија и пораз во Литванија. Сепак, битката за пласман на еврошампионатот ќе трае и следната година, а шансите за пласман се големи.