Мала магија на Митев: „Шрауба“ за Словенците во Скопје! (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија се судри со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство. Средбата во СЦ „Јане Сандански“ тргна позитивно за нас, а меѓу првите голови имаше и една голема мајсторија за добредојде. 

Младиот талетиран среден бек Марко Митев им даде ефектен гол со „шрауба“ на Словенците уште на стартот. Асот на Алкалоид скокна преку високиот блок и со атрактивен удар без гледање постигна гол. 

Митев полека станува вистински „мотор“ на овој македонски тим, заедно со Филип Кузмановски лидер на бековската линија.