• Зоран Мишевски

Ракометарите на МАКС Струмица ја забележаа и втората победа во плеј-офот на Супер лигата, откако во спортската сала „Парк“ во Струмица ја совлада екипата на Прилеп со 32-27 (17-12).
Во текот на целиот натпревар водена струмичани и ако не беше финишот на средбата, победата ќе беше уште поубедлива. Пак Везенковски беше клучна фигура во тимот на Трендафилов и погодуваше и проигруваше за да ги разигра соиграчите.
Во останатите мечеви од второто коло на плеј-офот очекувани победи остварија Вардар и Металург, па сега скопските екипи и МАКС Струмица се издвоија на врвот со по две победи. Овој викенд следат четвртфиналните групи од Купот на Македонија, а в среда се игра следното трето коло од плеј-офот.