МАКС Струмица пред потпис со Бојан Белевски?

Поранешниот ракометар на Охрид, Бојан Белевски најверојатно ќе ја напушти Бугарија и ќе се врати во македонската Супер лига.

Белевски веројатно ќе потпише за МАСК Струмица, иако има и неколку понуди од бугарски клубови. Младиот ракометар сезоната ја почна во Радовиш, но пред завршување на есенската полусезона замина од Македонија и се пресели во бугарскиот Левски. 

МАКС Струмица се екипира по завршувањето на очајната сезона во СЕХА лигата и со реновиран тим ќе го почне натпреварувањето во домашната Супер лига.