МАКС Струмица победи по половина година: Совладан Работнички на стартот од плеј-офот

Попладнево започна плеј-офот на ракометниот шампиоат на Македонија, а по повеќе од половина година победа во официјален натпревар забележа вицешампионот МАКС Струмица. Момците на тренерот Трендафилот во спортската сала „Парк“, го совладаа Работнички со 29-27 (14-10).

Водени од Везенкоски, струмичани постојано водеа, но Работнички беше упорен и се доближи на 27-26 во 58. минута. Сепак МАКС Струмица со гол во последниот напад ги реши дилемите и дојде до првите бодови. 

Во останатите два дуела од стартното коло на плеј-офот вечерва играат Охрид - Вардар и Прилеп - Металург.