• Зоран Мишевски

Ракометарите на МАКС Струмица го совладаа Охрид со 28-23 (12-9) во вториот денешен натпревар од осмото коло на плеј-офот во Супер лигата.
Во текот на сите 60 минути екипата на Трендафилов водеше и без проблеми го приведоа мечот кон крајот. Со тоа вторпат во еден месец, екипата на МАКС Струмица го совлада Охрид во меч за бодови. Падот на формата на екипата на Андоноски е очигледен и ова не е Охрид од првиот дел од сезоната. Борче Соколов беше стрелец на 10 гола, Мирко Мајиќ даде 6, а Златко Везенковски крај своето име запиша 5 гола во домашниот табор. Дарко Павловиќ постигна 9 гола, а Малик Хогас даде 5 гола во таборот на Охрид.
Така МАКС Струмица е на чекор до третото место и учество во ЕХФ Купот како претставник на Македонија за следната сезона.