ВИДЕО: Макс Струмица и Дејан Манасков се рекордерите во СЕХА!

На една седмица до стартот на завршниот турнир во СЕХА лигата, медиа тимот на регионалното натпреварување објави интересна видео компилација со симболично име: Седум рекорди за седум години.

Од македонските тимови и играчи во овие рекорди инволвирани се Макс Струмица, која имаше епизодна улога пред три сезони во СЕХА, но држи еден негативен рекорд, како и Дејан Манасков, кој беше дел од шампионот Вардар само една година, но останаа запишани неговите 17 голови против струмичкиот тим, како рекорд на најмногу постигнати голови на еден дуел.

Најмногу голови на играч во едно полувреме:
Радослав Антл 10 (Татран Прешов - Макс Струмица, 31/10/2015)
Дејан Манасков 10 (Вардар - Макс Струмица, 42-27, 2/12/2015)
Блаж Јанц 10 (Целје - Горење, 34-28,15/11/2016 )

Најмногу голови на играч на натпревар:
Дејан Манасков 17 (Вардар - Макс Струмица, 42-27, 2/12/2015)
Радослав Антл 17 (Татран Прешов - Макс Струмица, 31/10/2015)

Највисока победа:
34 разлика (Веспрем - Макс Струмица, 50-16, 6/2/2016)

Од останатите рекорди, Бруно Буторац поделил најмногу асистенции на еден дуел, вкупно 12 за Татран Прешов против Мешков Брест. Тибор Иванишевиќ, Урбан Лесјак, Иван Стевановиќ и Иван Пешиќ, имаат забележано по дури 23 одбрани на еден натпревар. Момир Илиќ има погодено најмногу пенали на еден дуел, вкупно девет, за Веспрем против Војводина, додека натпревар со најмногу голови е оној меѓу Татран и Нексе со вкупно 80, 43-37.