МАКС Струмица го освои Охрид, Прилеп подобар од Работнички

Ракометарите на МАКС Струмица забележаа и трета победа во плеј-офот, откако во салата „Биљанини извори“ го совлада Охрид со 28-30 (14-20) и го задржа максималниот ефект. 

Струмичани во текот на сите 60 минути имаа контрола на слулчувањата на теренот и се само втората екипа по Металург, која ги освоила бодовите од Охрид. Мајиќ со 11 и Везенковски со 8 гола бе најефикасни во екипата на Трендафилов, а кај Охрид 7 гола постигна Вражалица, а Павловиќ беше автор на 5 гола. 

Прилеп му се реваншираше на тимот на Работнички за поразот во есенскиот дел на Супер лигата и го совлада со 26-23 (13-1). Мечот Вардар - Металург е одложен заради европскиот настап на „црвено-црните“ и ќе се игра на 4 мај.