Македонското трио во Констанца загуби од шампионот Динамо Букурешт

Тимот на Доброгеа Суд Констанца, предводена од клупата од македонскиот стратег Звонко Шундовски, а на теренот од Велко Маркоски и Никола Митревски, стартуваше со пораз во романскиот шампионат.

На домашен терен Констанца загуби со 24-30 од силниот првак Динамо Букурешт, а победникот беше решен уште во првиот дел, кога гостинските ракометари, предводени од Тунижанецот Банур, водеа со 10-17.

Во романскиот шампионат наш претставник уште е и десното крило Гоце Георгиевски, а неговиот ЦСМ Букурешт в петок ќе го одигра првиот натпревар, на гостински терен против Сучеава.