• Зоран Мишевски
Македонското дерби во рамките на 15. коло на романскиот ракометен шампионат помеѓу екипите на Доброгеа Суд и ЦСМ Букурешт заврши без победник, 23-23 (11-11), а повторно главен протагонист беше репрезентативниот голман Никола Митревски, кој собра 18 интервенции.
Двете екипи имаа свои опции за победа во дуелот, но на крајот тимот од главниот град однесе бод од Констанца. Последниот напад за триумф го имаа Георгиевски и другарите, но Митревски го одбрани последниот обид.
Покрај Митревски, одличен натпревар во победничката екипа одигра Велко Маркоски во одбраната, а кај гостите, Гоце Георгиевски постигна три гола. Одорхеи на Горан Кузманоски го совлада тимот на Турда со 27-23, а Политехника Темишвар на Даскалоски загуби од тимот на Калараси со 31-27.
На табелата, води Стеауа со два бода повеќе од Темишвар и Одорхеи.