Македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски со нивниот тим Доброгеа Суд Констанца, го освоија трофејот во Купот на Романија, откако во финалниот двобој славеа над уште тим во кој има Македонец, Темишвар на Златко Даскаловски, со 23-21 (11-12). Во тимот од Костанца спортски директор е Бранислав Ангеловски, а настапува и поранешниот ракометар на Металург, Црногорецот Младен Ракчевиќ.
Темишвар беше тимот што имаше предност на полувреме, но Костанца во завршните моменти од мечот по заслуга на Митревски, кој собра 13 одбрани, го сврте мечот во своја корист и на крајот се радуваше на трофејот.
Следен предизвик за Констанца и Темишвар по завршувањето на регуларниот дел од романскиот шампионат, ќе биде четвртфиналниот двобој од плеј-офот.