ВИДЕО: Македонско оро во Келн, вака се славеше победата на Вардар

Gol.mk на ракометен Final Four во Келн

Ракометарите на Вардар повторно ја израдуваа македонската нација и остварија нов голем успех.

Со триумф над Барселона, како и пред две години, се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите. Таму денес ќе разигруваат за трофејот против еипата на Веспрем.

„Црвено-црните“ имаа огромна поддршка во Келн која знаеше како да го прослави херојскиот пресврт.

На улиците покрај „Ланксес Арена“ се играше македонско оро.