• Зоран Мишевски
Доброгеа Суд од Костанца и Темишвар ќе играат во финалето на Купот на Романија во ракомет, чиј завршен турнир се игра во Костанца. Така со сугурност македонски ракометар(и) ќе го слават трофејот од Купот утре попладне.
Доброгеа Суд за која настапуваат Митревски и Велко Маркоски, а спортски директор е Бранче Ангеловски, ја победи Стеауа со 30-26 (14-10), а Митревски на голот и Маркоски во одбраната одлично си ја завршија работата. Чутура со седум и Нистор со пет гола беа најефикасни во победничкиот табор.
Претходно, Темишвар со Даскалоски на голот ја победи екипата на Баја Маре со 30-28 (15-13). Македонскиот голман имаше забележителен настап, а Марјановиќ со девет и Орбовиќ со осум гола беа најефикасни во победничкиот табор.
Финалето се игра денес во почеток во 17.00 часот.