Македонските судии Божиновски и Начевски ќе ја делат правдата на ЕХФ шампионатот

Ова лето е преполно со младински континентални собири од различен тип. ЕХФ шампионатот за младинки заеднички го организираат Литванија и Бугарија, а младиот интернационален судиски пар Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе ја делат правдата на овој турнир.

Се работи за млади наши надежни судии кои од минатата година се со интернационалната значка на ЕХФ и веќе судат натпревари од европските Купови и континенталните собири. 

Македонските судии ќе дебитираат денес на натпреварот меѓу Полска и Израел.

На шампионатот нашата земја ја претставува и делегатот Камер Металари, кому денес му е доверена задачата на натпреварот меѓу Украина и Босна и Херцеговина.