• Горан Упале

Машката пионерска ракометна репрезентација на Македонија до 16 години го одржа собирот во спортската сала „Расадник“ во Скопје, во пресрет на настапот на претстојниот Регионален Челинџ Куп У16.
Младите македонски ракометари ќе патуваат во Подгорица, Црна Гора, каде што ќе ги одмерат силите со домашната селекција и Косово во рамките на групата Ц.
Ова ќе биде нова можност за младите репрезентативци да соберат меѓународно искуство, да ги покажат своите квалитети и да направат уште еден чекор во нивниот ракометен развој.
Распоред:
06.11.2026 (петок)
Црна Гора – Македонија 18:00 часот
University Sports Hall – Подгорица
07.11.2026 (сабота)
Македонија – Косово 13:00 часот
Bemax Arena – Подгорица