• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија вчера отпатува во Словенија, каде во Велење ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Девојките на Кристијан Грчевски го одработија и првиот тренинг во „Рдеца дворана“ во словенечкиот град. Се кова тактиката и се подготвува тимот кој ќе се обиде да изненади против веќе пласираниот противник.
Македонија во групата има два бода против Белгија, меѓутоа има подобар меѓусебен скор. Поради тоа ќе заврши на третото место во групата и ќе има шанса преку табелата на третопласираните да стигне до континенталниот собир.
Доколку не се случи изненадување во Велење, ќе се брои и гол-разликата со останатите третопласирани.


