ФОТО: Македонските ракометари в хотел го прославија осминафиналето

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Македонските ракометари само што пристигнаа в хотел по тренингот во малата сала во близина на нивното сместување, стигнаа да го следат финишот на натпреварот помеѓу Словенија и Тунис.

Драмата пред малите екрани го евидентираше пресвртот од 5-0 со кој момците на Веселин Вујовиќ ни помогнаа да се пласираме во осминафиналето, играјќи нерешено 28-28 со Тунижаните. 

Ракометарите и стручниот штаб веднаш насмеани се фотографираа, прославувајќи го осминафиналето два натпревари порано пред крајот на групната фаза во Мец.

Честитки за остварената цел!

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0