Македонските кадетки го стартуваат походот на Мундијалот во Скопје

Македонија и Скопје го добија домаќинството на Светското првенство за кадетки, на кое во наредниот период ќе настапат 32 претставници.

Избраничките на Љубомир Савевски ќе настапат во групата Б, со селекциите на Сенегал, Узбекистан и Иран. Девојките до 18 години во тоа гледаат солидна шанса да се зграби една од првите две позиции и да се пласираат во главната фаза на натпреварувањето. Патот на овој Мундијал за македонските ракометарки стартува денес против Сенегал во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот ривал на Македонија има проблем, бидејќи доцни со пристигнувањето во Скопје. Сенегалките заглавија на аеродром во Истанбул, па постои можности да допатуваат директно за натпреварот. Веќе утре Македонија ја очекува нов предизвик против Узбекистан, а на втори август ќе се судрат со Иран, сите натпревари се закажани во терминот од 20:30 часот. 

  • Натпреварите на Македонија во групата Б:

Македонија - Сенегал (сабота, 20:30 часот)
Македонија - Узбекистан (недела, 20:30 часот)
Иран - Македонија (вторник, 20:30 часот)

Освен во салата „Борис Трајковски“, натпревари од овој Мундијал за ракометарки до 18 години ќе се играат во двете сали при СЦ „Јане Сандански“, главната и малата.