Македонските кадети добија нова група, еве кога и против кого ќе разигруваат за пласман на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ја заврши групната фаза на Европското првенство со три порази. Немаа избраниците на Горан Кузманоски среќа при ждрепката, па налетаа на силни ривали како Франција, Словенија и Шведска против која беа најблизу до изненадување. 

Сега кадетите продолжуваат во разигрувањето за пласман. Македонија ќе игра во првата група на овој дел од турнирот, а ќе одигра две пресметки против селекциите  на Италија (понеделник, 14:30 часот) и против Турција (вторник, 12:00 часот). 

Во оваа група е и Шведска против која веќе игравме. Најдоброрангираната селекција оди во разигрувањето за пласман од деветтата до шеснаесеттата позиција каде што ќе вкрстат со елиминираните од главната фаза.

Таму ќе стигне и најдобрата второпласирана репрезентација од трите групи во ова разигрување, додека останатите ќе играат за пласман од 17. до 24. позиција.