Македонските јуниорки избраа ривалки по мерка за СП во Скопје

Ракометните репрезентативки на Македонија до 20 години ги добија своите ривалки за претстојното Светско првенство кое во јуни ќе се одржи во Скопје. На извлекувањето од страна на Меѓународната ракометна асоцијација, нашите девојки противничките ги чекаа од вториот шешир. 

Македонија како домаќин на настанот избра ривали по мерка. Од првиот шешир девојките ќе играат со објективно најслабата Ангола, а ќе играат уште проитив Исланд и САД

  • Групи за Светското првенство за ракометарки до 20 години: 

Група А: Романија, Холандија, Бразил, Иран
Група Б: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле
Група Ц: Унгарија, Кореа, Аргентина, Мексико
Група Д: Данска, Норвешка, Јапонија, Кинески Таипеи
Група Е: Шведска, Чешка, Кина, Алжир
Група Ф: Франција, Германија, Шпанија, ИХФ
Група Г: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан
Група Х: Ангола, Македонија, Исланд, САД

Македонската престолнина ќе биде домаќин на јуниорскиот Мундијал кој ќе се одржи од 19 до 30 јуни оваа година.