• Иван Димовски

Македонскиот ракометен пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани и ќе ја делат правдата на квалификациски натпревар за Европското првенство.
Двајцата судии ќе арбитрираат на дуелот во „Свиторио Арена“ во Клаипеда, каде што домаќинот Литванија ќе ја дочека Швајцарија. Тодоровски и Митревски се редовно делегирани од страна на ЕХФ, па и сега ќе имаат европска епизода.
Со македонските арбитри на оваа средба во Клаипеда ќе работи српскиот делегат Борис Вукашиновиќ.