• Редакција Gol.mk

Македонската ракометна судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски редовно добиваат значајни делегирања од Европската ракометна федерација (ЕХФ) во елитната Лига на шампионите. Така ќе биде и во новата сезона.
Битолските судии се делегирани од страна на ЕХФ како главни арбитри за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу екипите на Загреб и Целје. Ова е уште едно големо признание за квалитетот на македонската судиска двојка, кои во континуитет делат правда на клучни и атрактивни европски натпревари.
Оваа судиска двојка бележи константен напредок на меѓународната сцена, судејќи клучни натпревари на Европското првенство 2026 (како дербито Шведска - Холандија), како и елиминациски дерби мечеви во елитната Лига на шампиони, меѓу кои и пресметката на гигантите Веспрем и ПСЖ.



