• Редакција Gol.mk
Следниот вторник со натпреварите од шестото коло од групниот сегмент завршува првата фаза на Европската лига во ракомет. Шеснаесет екипи ќе остаанат во новоформираните групи, а исто толку тимови ќе бидат елиминирани.
Не е неважен и пласманот на првото и второто место, заради подобрата конфигурација на групите и противниците напролет. Македонските интернационални судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија одговорна задача и следниот вторник, на петти декември, ќе ја делат правдата на дуелот Нант - Рајн Некар Левен. Дуелот во Франција ќе го даде победникот во групата А. Германците, кои во квалификациите го елиминира Вардар 1961, имаат два бода повеќе од Французите.
Митревски и Тодоровски веќе имаат големо искуство од судење на европски натпревари, а беа дел и од „фајнал-фор“ турнирот на Европската лига во Лисабон пред две години.