• Мартин Танасковски

Екипата на ГРК Охрид дојде до трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ, а со тоа еден од македонските репрезентативци испиша историја во својата лична биографија.
Десниот бек Давид Савревски се закити со втората европска титула во третото по ранг натпреварување во европскиот ракомет, откако со екипата на Борис Ројевиќ во двомеч ја победи Татабања од Унгарија.
23-годишниот репрезентативец на Македонија претходно успеа да го направи истиот подвиг со неговиот претходен клуб Алкалоид, со кого во два натпревари беше подобар од АЕК Атина од Грција.

