МАКЕДОНСКИ РЕКОРД: 86.000 луѓе ја споделиле веста на Gol.mk за трофејот на Вардар!

Бајковитиот успех на ракометарите на Вардар ја подигна на нозе цела држава. Од фантастичниот пресврт во полуфиналето против Барселона, па сѐ до грандиозниот дочек на плоштадот, Македонија три дена живееше за ракомет и пулсираше со срцата на нашите спортски херои.

Јасен доказ за тоа колку емотивно Македонците ја доживеаја втората европска титула на вардарци, е податокот што веста на Gol.mk за победата на Вардар во финалето против Веспрем ја споделиле 86.000 луѓе на Facebook. Со ова, македонските фанови поставија рекорд за најсподелувана вест во историјата на нашата земја!

Во деновите по освојувањето на титулата, Gol.mk постигна и рекордна читаност: над ДВА МИЛИОНИ прочитани страници за три дена, реализирани во рамки на 515.000 посети од страна на 215.000 луѓе!
(Извор: Google Analytics)

Со овие бројки, Gol.mk не само што силно се зацврстува на позицијата најчитан спортски медиум во Македонија, туку се вбројува и меѓу најчитаните веб-сајтови во државата воопшто.

Вардаре и вљубеници во спортот, ви благодариме!