ВИДЕО: Македонската „Фаланга“ е подготвена за пеколна атмосфера против Црна Гора

МКД

Македонските навивачи полека се загреваат за вториот меч на Македонија на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Следен предизвик за македонската репрезентација е Црна Гора. Македонска песна и денес ечи во Дебрецин, што е најава за нова пеколна атмосфера на трибините во „Феникс Арена“.

„Црвено-жолтата“ боја се очекува повторно да доминира и да биде во центарот на вниманието на ЕХФ.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра во 18:00 часот, а последниот меч со Данска го играме за два дена.