Македонската експедиција ги одби акредитациите со БЈРМ

Македонската делегација, членови на официјалното водство, федерацијата како и стручниот штаб на клупата, одбија да ги носат акредитациите на кои стои името БЈР Македонија.

Причината е ставот на ЕХФ да нè потпише со ова име, иако бевме дочекани со симболи со нашето уставно име, а и во ТВ графиката на тест мечот вчера стоеше Македонија, а не БЈР Македонија како денес.

Македонската делегација најави жалба, која ќе биде разгледана во текот на првенството. И на претходните европски првенства ЕХФ нè регистрираше под името БЈР Македонија.