• Мартин Танасковски

Македонските ракометарки во Лигата на шампионите ќе почекаат на првата победа. Хрватска Локомотива Загреб се соочи со Ѓер во Унгарија, но немаше никакви шанси за триумф (32-16) во рамки на четвртата рунда.
Дресот на загрепчанки го носат три наши ракометарки. Леонида Гичевска, Сања Дабевска и Андреа Седлоска се дел од тимот, ама имаат четири порази на четири меча. Во овој последниот од Ѓер, Гичевска и Дабевска дадоа по еден гол.
Првакот Кристиансанд доживеа пораз од Битигхајм во Германија (32-30). Тоа беше изненадувањето на денот. Романски Рапид дома го совлада Есбјерг од Данска (34-32), додека Ференцварош беше подобар на гости кај Крим (30-32).
Романски ЦСМ Букурешт успеа да го освои Одензе (27-31), додека Брест дома сигурно го доби чешки Мост кој е дебитант (31-26).