Македонките мируваа во актуелното коло на Лигата на шампионите

Македонските ракометарки Сара Ристовска и Ива Младеновска не беа во ростерот на своите екипи за натпреварите во Лигата на шампионите во ова коло.

Француски Брест му беше домаќин на романски Рапид Букурешт, а без Македонките на теренот мечот заврши 33-21 за домашната екипа. Победа забележа црногорски Будуќност над Кристиансанд (26-20), а славеше и Ференцварош на гостувањето кај Крим (27-22).

Полн плен освои романска Бистрица против Сторхамар (31-28), како и Подравка Вегета во мечот со НФХ (31-28). Француски Мец пред својата публика го доби ЦСМ Букурешт (27-24), а Ѓер со два гола разлика триумфира кај Одензе (34-32).

Најголемото изненадување го направи германски Лудвигсбург, кој остана непоразен на гости кај Есбјерг (30-30).