Македонка ја прекина серијата на Хипо од 29 Куп-титули по ред!

По 29 титули во серија, австрискиот ракометен гигант Хипо загуби во едно финале на националнит Куп. Екипата на МГА Фиверс со Моника Стефаноска во тимот го совлада некогашниот европски првак со 18-17 (8-7) и првпат го освои Купот на Австрија

Стефаноска постигна 6 голови, со што беше втор најдобар стрелец во лигата веднаш зад Карла Иванчок со 7 гола. Ковач со 5 и Киш со 3 гола беа најефикасни во поразениот тим на Хипо.

Овие две екипи ќе играат и во финалето од разигрувањето за титулата во првенството, а заради подобрата позиција во регулатниот тек, предноста на домашниот терен има Хипо.