Најавите се остварија - уште една екипа се откажа од настап во женската ракометна Суперлига. ЖРК Куманово нема да се натпреварува и се сели во понизок ранг на натпреварување, Веќе е познат и клубот кој ќе го пополни местото на кумановчанки.
Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров-МРК објави ново засилување за претстојната сезона. Нов член на македонскиот суперлигаш е искусната ракометарка Марија Анчева.
Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, во која повторно ќе настапува во Суперлигата, а ново име во битолскиот состав е талентираната Еџе Сејадин.