Ракометната федерација на Македонија продолжува со поддршката за македонските клубови, а денеска во просториите на федерацијата беше доделена спортска опрема за екипите од Првата машка и женска лига.
Еден од најдобрите стрелци во Првата ракометна лига, Јован Атанасовски, во новата сезона ќе има нов предизвик. Тој го напушта штипски Текстилец и кариерата ќе ја продолжи во Вардар Неготино.