Македонија загуби и од Унгарија, ќе игра за пласман од 13. до 16. место

Првото учество по подолг период на нашата селекција во ракомет за плажа го зема својот данок. Женската репрезентација на Македонија загуби и на шестиот натпревар на Европското првенство во Назаре.

Македонија попладнево загуби од репрезентацијата на Унгарија со 2-0 во сетови (26-8, 14-10).

Ива Божиновска и Бојана Диневска со по шест поени беа најдобри во македонскиот табор.

Во следните два дена следи разигрувањето за пласман од 13. до 16. место, па нашата селекција ќе одигра уште два натпревари, по кои ќе биде познат нашиот дефинитивен пласман.