• Иван Димовски

Репрезентацијата на Македонија за одбојка на плажа претрпе нов пораз на Европското првенство кое се игра во португалскиот град Назаре. На преубавите плажи на Апенинскиот полуостров, овојпат од Македонија подобри беа девојките од Романија (2-0).
Избраничките на Златко Мојсовски дебитираат во овој спорт, па одново загубија. Во првиот сет денес Романките беа убедливи и го добија со 25-14. Сепак, Македонија успеа да парира во целост во продолжението. Иако имаше шанси да обезбеди ново доигрување, Романија на крајот со 15-4 го затвори мечот.
Најдобар поединец во нашиот табор беше Ана Марија Божиновска со 12 поени, додека Гулицоска даде шест.
За Македонија на овој собир останува уште натпреварот против Унгарките кој се игра исто така денес.