• Иван Димовски
Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Браила, каде што го одигра првиот од двата пријателски натпревари против домаќинот Романија. Избраниците на Кирил Лазаров беа поразени со 32-27 (15-16), во средбата која се одигра зад затворени врати во романскиот град.
Нашите ракометари во првото полувреме имаа предност против Романците, на одмор заминаа со минимално водство од 15-16, меѓутоа во вториот дел имаше пад во играта и тоа домаќинот знаеше да го кази. На крајот Романија слави со пет разлика (32-27).
Македонија и Романија ќе се судрат уште еднаш во Браила, веќе в сабота во терминот од 16:30 часот.
Овие натпревари против Романците селекторот Кирил Лазаров мора да ги искористи како најголеми тестови пред она што следи, а тоа е бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Македонија на осми мај ќе гостува во Торшавн, додека четири дена подоцна ќе ги дочека Фарските Острови во „Борис Трајковски“.